Виена е македонски град: 3.000 бројна Фаланга ќе ги запоседне трибините во поддршка на Македонија!

Преку Фејсбук групата Makedonier in Deutschland (Македонци во Германија), нашинците се огранизираат за денешниот прв натпревар од групната фаза на ЕП за Македонија.

“Почнувајќи од утре очекуваме Фалангата да ја освои Виена. Збирно место пред натпреварите е Cafe KiliS”, пишуваат ракометните љубители во оваа група.

Според информациите од трибинтие во салата “Штадахале” во Виена, македонските ракометари ќе имаат поддршка од најмалку 3.000 фанови.

Македонија првиот натпревар од групата Б го игра вечерва против Украина со почеток од 20:30 часот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.