(Видео) “Xepojcки пoтeг на coветниците на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово”

Претседателката на Советот на општина Куманово, Атина Мургашанска, го спроведува на дело тоа што го наметна Зоран Заев. Македонското знаме, со сонцето од Кутлеш, е строго забрането да се користи.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ на своите лаптоп компјутери имаа залепено слики од старото македонско знаме, што наиде на остра осуда од СДСМ.

-Ни ставате на товар дека целиот овој Совет, јас како одговорна и градоначалникот и општинскиот имот го кршиме законот и ќе го сметам за намерно нарушување на редот и провокацијата тоа што на вашите службени лаптопови сте го истакнале симболот на знамето кое веќе не важи и кое е со закон забрането за употреба на јавни места, истакна таа.

Претседателката на Совет ги повика надлежните органи да поведат прекршочна пријава за ваквото “прекршување“.

-Има исклучива забрана за знаме со овој симбол. Ако стои српско знаме, знаме на Република Србија или на Република Албанија, не ни е обврска, ама не е забрането, истакна претседателката на Совет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.