(Видео) Tpaмп и Тито имаат нешто заедничко: И двајцата го користеле ова

“Боинг 727” е еден од најкористените авиони во светот, а направени се речиси 2.000 за две децении.

Последниот комерцијален патнички лет беше во јануари оваа години. Како што беше популарен во авио-компаниите, така е популарен и меѓу приватните сопственици.

Веројатно и најпознатиот сопственик на ваков авион денес е американскиот претседател Доналд Tpaмп, но постојат информации дека и Јосип Броз Тито своевремено користел два вакви авиони.

Двата биле направени во 1975 година кога југословенската влада ги презела на користење. Службенио биле дел на Југословенскиот аеротранспорт, но двата имале и цивилен и вoeн регистарски број.

Меѓу последните летови на Тито бил и летот во Хавана на крајот од 1979 година на самитот на Неврзаните, каде според американскиот магазин “Тајмс”, водел голема “битka” со Фидел Кастро за душата на самиот проект.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.