Републиканците во изборниот одбор во округот Вејн, најголемиот во Мичиген, успеаа да го запрат потврдувањето на резултатите, што привремено би можело да го запре официјалното прогласување на победата на Џо Бајден.
Досегашните резултати покажуваат дека Бајден е во предност со околу 145.000 гласови во однос на актуелниот претседател, но овој потег на републиканците со кој се одлага прогласувањето на победата на Бајден, е голем поен за Tpaмп.
Моника Палмер, претставник на републиканците во избирачкиот одбор во Вејн, изјави дека кај некои гласови кои пристигнале по пошта во одредени делови на Детроит има неправилности.