(Видео) Sвездите на Toтенxeм се пpecметaa на тepeнот

По првото полувреме од натпреварот од 33. коло во Премиер лигата меѓу Тотенхем – Евертон, голманот на „Спарси“ Хуго Лорис тргна да го нападне својот тимски колега Сон Хјунг-Мин.

Инцидентот се случи на стадионот на Тотенхем кога 33-годишната Лорис се стрча кон 27-годишниот Сон, викајќи и гестикулирајќи нешто. Кореецот му одговори, по што францускиот голман „збесна“. Другите фудбалери на Тотенхем спречија физички контакт и се остана на вербални закани.

Најверојатно двајцата добиле „лекција“ од тренерот Жозе Мурињо, па пред почетокот на второто полувреме Лорис и Сон покажаа дека се смирени.

– Оваа ситуација припаѓа на тимот. Однадвор можете да кажете што сакате. Она што се случи меѓу мене и Сон е понекогаш дел од фудбалот. Нема проблем. На крајот на натпреварот, можете да видите дека бевме повеќе од среќни, изјави Лорис пред медиумите после натпреварот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.