Православните христијани во недела ги празнуваат Задушница и Духовден, или ден кој во православниот календар е обележан како Слегување на Светиот Дух на Апостолите.
Отец Бобан Митевски, свештеник во црквата „Св. Николај Чудотворец“ во Аеродром, за “Сител ТВ” објаснува што е Задушница, а што Духовден, кога се оддава помен на починатите и зошто тоа се прави.
Црквата апелира дека треба да престане раздавањето на храна на гробовите за Задушница и ноќевањето на гробишта. Зошто тоа не треба да се прави и како правило се одбележува овој празник, слушнете во краткото интервју со отецот.