На 06 април во Скадар, Р.Албанија се одржа професионална боксерка ревија организирана од промотерот Нелсон Хиса.
На овој настан учествуваа двајца наши боксери од Македонија.
Во борба од 4 рунди во лесно тешка категорија 17-годишниот Матеј Чатлески oд Прилеп, дебитираше против Стефан Марич од Р.Србија. Чатлески прикажа одлична борба со добра боксерска техника. Сите четири рунди беа со размена на удари од двете страни. Во втората рунда Марич доби нокдаун од Чатлески. На крајот со едногласна одлука на судиите победата му припадна на младиот прилепски боксер.
Тоше Цветков во тешка категорија дебитираше против Анел Балич од БиХ. Во првата рунда Цветков беше доминантен и надмоќен над Балич. На крајот од првата рунда тренерот на Балич беше принуден да ја прекине борбата поради повреда. Со технички нокаут во првата рунда Цветков го победи Анел Балич.
Честитки за борците од “Про Бокс Македонија”, и да им посакаме овие деби борби да бидат само почеток во нивната понатамошна успешна спортска кариера.