(ВИДЕО) Mицкоски и младите во манастирот Св. Јован во еден глас ја пееа државната химна

Денеска на пладне Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ од Општинскиот комитет Бутел, го организираше традиционалниот македонски ручек во манастирот Св. Јован во Љубанци.

Овој 10-ти јубилеен собир на Унијата на млади сили е посебно значаен за да се испрати една силна порака дека македонската младина е силно врзана за својата традиција и вредности.

На заедничкиот ручек со младите беше присутен и Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски кој имаше и свое обраќање пред присутните.

“Денес бев во патриотско Љубанци, во манастирот Св Јован.

Народот се спротивставува на пеплосувањето и уништувањето кое го прават луѓето од Власта. Народот е против деспотизмот на Заев кој е лидер на СДСМ, во исто време премиер, а денес официјално дознаваме дека ќе биде и министер за финансии.

Ако овој претходниот за финансии му беше маска, денес гледаме дека веќе таа маска ја нема, а виновникот за целата сиромаштија и несреќа на народот продолжува да биде Зоран Заев. Само се стеснува кругот на криминалот и на тоа дека сите пари одат кај Вицето.

Бидејќи несреќата на народот лежи токму во Зоран Заев кој насекаде околу себе поставува клонови кој и самите си велат дека потполно се исти како нивниот лидер. Ова го збореше и Пендаровски кому гледаме дека не му е јасно чив бил Гоце, а Гоце Делчев е нашиот непокор, сила и херој кој го има во нашата химна.

Клучот на неуспсите не им се ниту ЕУ, ниту нашите соседи, туку Зоран Заев.
Власта која тоне во сопствената жива кал не е способна да изменаџира ниту еден процес до крај, постојано наоѓа изговори, оправдувања за своите неуспеси, а единствениот одговор на сето ова е народот кој ќе ги порази”, напиша Мицкоски на Фејсбук за настанот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.