(Видео) Kaко Белорусија се справува со коронавирусот: Претседателот препорачува вотка, хокеј и “трактор терапија”

Се повеќе земји во Европа воведуваат карантински мерки за да спречат ширење на опасниот коронавирус Ковид – 19.

Но, поранешната советска република Белорусија продолжува да живее нормално како ништо во светот да не се случува.

Иако соседните земји Украина, Русија, Латвија, Литванија и Полска преземаат силни мерки, се чини дека претседателот Лукашенко има сосема спротивно гледање на работите.

“Подобро да умреме соејќи, отколку да живееме на колена”, вели тој во една прилика.

Границите на Белорусија се отворени, луѓето нормално одат на работа и нема панично купување по маркетите. Училиштата, театрите и трговските центри работат без проблем и ограничувања, а не се забранети ниту масовните собири.

Исто така и фудбалските и хокеарските натпревари се во тек, а трибините се полни со навивачи.

Лукашенко препорачува вотка и физичка работа по полињата, така наречена “трактор терапија”.

“Дали гледате вирус овде? Дали гледате да лета некој вирус? Јас не ги гледам, овде е како во фрижидер. Овој спорт е вистинското нешто за здравјето, особено на ладно, ова е антивирусна медицина”, вели Лукашенко облечен во хокеарска опрема.

Белорусија досега има пријавено 163 случаи на заболени од Ковид-19.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.