(Видео) Ex бе Македонче: Се брише coнцето од Kyтлеш сpeде полициcки чac во Крива Паланка

Во Крива Паланка со брусилици се брише сонцето од Кутлеш сред полициски час.

По овој повод поранешниот градоначалник на Крива Паланка Арсенчо Арсовски се огласи на својот Фејсбук профил:

-Кога го градевме плоштадот “Карпошово востание” го градевме и се гордеевме со тоа. Се гордеевме како паланчани не како членови на политички партии. Сега на најподмолен начин во време на полициски час го откорнуваш сонцето на вергина од градскиот плоштад и тоа онака, поданички и предавнички баш како што ти личи. Си го покажувате правото лице. Тој симбол меѓу другото беше и првото државно знаме на повеќепартиска Република Македонија. И сега ти неспособен за нешто ново да направиш мислиш дека со вакви предавнички работи ќе се прославиш. Ејј мизеријо од човека, што правиш?

Точно можеби Грците ќе ти кажат браво но сите Македонци ќе те презираат мизеријо. Впрочем ти и ништо не направи ново само уништуваш. Со својата сопствена програма го избриша подот и виде дека мојата програма е навистина за почит и сега се што правиш е реализација на мојата програма. Кажи мизеријо, една работа што направи за градот ново, а да е дел од твојата програма, немаш ништо затоа што не си способен, кажи еден нов проект – од идеја до реализација, немаш, затоа што не си способен. На изградената спортска сала менуваш име како да е тоа толку голема работа,- можеби ќе го ставиш во отчетот. На направен плоштад со македонски симболи ги скрвнариш и се поигриваш со чувствата на македонците тоа ли е твојот максимум, тоа ли е твојот врв. А за крај да кажам: дали си свесен дека со ова само докажуваш дека моите проекти и дела се вредност за градот, а ти си само една обична ПОМИЈА!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.