Грчката делегација на чело со заменик министерот за енеретика и животна средина Димитрис Иконому, ја напушти церемонијата на отварањето на Трансанадолискиот гасовод во знак на протес поради “провокативните изјави” на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Ердоган на церемонијата рече дека нема да го прекине истражувањето и бушењето на брегот на Кипар и кипарската економска зона. Според неговите зборови, на Средоземно море се повредуваат правата на кипарските Турци.
“Анкара делува во рамките на меѓународното право и сега никакви повици нема да ја натераат Турција да ги повлече бродовите кои таму се занимаваат со истражување”,вели Ердоган.