Местото Молунат во Хрватска е погодено од силен ветер, и секоја година се собира голема количина ѓубpe кое не само што завршува на прекрасните плажи, туку и тоне на дното на морето, пренесува Индекс.хр. Ова е објавено на фејсбук страната од нуркачкиот центар „Sea Star“.
Клара Љубенко од центарот за нуркање објави видео од ужacната сцена на морското дно, така што сите може да видат колку е сериозна ситуацијата.
На учество во акцијата за чистење се повикани и граѓаните. Ваква е ситуацијата на само 7 метри длабочина.
-За жал ова е реалноста на Моллунат. За ова царство од пластика ќе бидат потребни многу раце, веруваме дека се ќе биде исчистено- објавено е на социјалните мрежи.