(Видео) “Bи вpaќаме ДДB 600 денapи, ќе ви вpaќаме 800, малкy ли е тоа за да живeeте yбaвo?”

Прес конференција на кандидатот за пратеник од редовите на СДСМ во Прилеп, Александар Ѓорѓиоски

“Со концептот за враќање на парите кај граѓаните, ја покажавме нашата одлучност да го подобриме животниот стандард на секој поединец.

Преку проектот „Мој ДДВ“, за само 9 месеци вративме 10,7 милиони евра во рацете на граѓаните и ја подобривме наплатата на ДДВ во буџетот.

Со оваа мерка, државата за прв пат враќа пари директно на сметките на граѓаните, а апликацијата ја употребуваат над 300.000 корисници.

Во следниот четиригодишен мандат предвидуваме враќање на уште повеќе пари кај граѓаните и компаниите.

Лимитот за повратот на ДДВ кон граѓаните, го зголемуваме од 600 на 800 денари месечно. Тоа се 2,400 денари за секое тромесечие, односно 9.600 денари годишно повеќе пари во семејниот буџет за секој поединец”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.