(Видео) Acтepoид кој е наречен по името на египетскиот бог на xaocoт, се приближува кон Земјата: Еве кои се проценките на научниците

Астероидот со име Апофис, крстеп по египетскиот бог на хаосот, се приближува кон Земјата. Научниците пресметале кога тој би можел да стигне до нашата планета. Велат дека како времето одминува, неговото движење постојано се забрзува.

Сепак, научниците се убедени дека веројатноста да ја погоди Земјата е многу мала. Астероидот, според последните пресметки, би требало да ѝ се доближи на Земјата во 2068 година.

Според нивната пресметка, шансите да не погоди се 1:150.000. Како што објаснил Дејвид Толен, астроном од Универзитетот во Хаваи, астероидот забрзува благодарение на таканаречениот Јарковски ефект, односно, различната температура која се создава на неговата хемисфера.

Поради тоа, тој често ја менува својата орбита. Овој астероид е откриен во 2004 година и од тогаш е под постојан надзор на астрономите, пишува Live Science.

Иако прецизно пресметале кога би можел да се приближи на Земјата, научниците сè уште не можат со сигурност да потвдрат дали ќе не промаши, затоа што не можат да го пресметаат влијанието на соларните ветрови и Сончевата гравитација за време на неговото патување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.