(Видео) “Aмазон револуција”: Достава на пратки со помош на дронови

„Amazon“ тестирањето на услугите на „Prime Air“ го прошири на нови подрачја во Тексас и Калифорнија.

Ако на некоја компанија и е важно начинот на достава да се модернизира и да се забрза, тоа секако е „Amazon“. Еден од начините на кои доставата може да се забрза е преку беспилотни летала и компанијата уште од 2013-та година најавила развој на свои услуги преку „Prime Air“. Развојот на дроновите и услугите, не е тешко да се заклучи, не оди по текот по кој се надевала компанијата, но сепак е забележан одреден напредок.

Компанијата неодамна најавила тестирање на беспилотна достава на неколку нови локации во две американски сојузни држави – Калифорнија и Тексас. Тоа на „LinkedIn“ го најави и потпретседателот на „Prime Air“, Дејвид Карбон, со фотографија од дрон кој носи мала кутија поврзана со јаже. Напишал дека тоа е само еден мал чекори кој во текот на годините ќе прерасне во џиновски чекор, нагласувајќи дека технологијата ќе отклучи иднина на достава во која безбедноста ќе биде императив, а купувачите на прво место. Нашите луѓе бидат темелот на кој се е базирано – ги пофалил вработените во „Amazon“.

Се што треба да направат купувачите кои учествуваат во овој тест е внатре во своите мобилни апликации да одберат таков начин на достава и многу брзо да очекуваат доаѓање на беспилотно летало кое ќе им го спушти нарачаниот производ.

Дроновите, секако, нема да можат да го заменат превозот на големи далечини од доставните центри, но изгледаат идеално за достава до домашна адреса. Со оглед на тоа дека во градовите често има метежи и сообраќајот е бавен, беспилотните летала се чинат како идеално решение за таквите проблеми при доставата.

Секако, притоа тие мораат да бидат безбедни и за другите летала, но и за луѓето и инфраструктурата на земјата, односно мораат да ги почитуваат строгите регулативи и безбедносни барања. Треба да се води сметка и за временските услови, создавањето на бука на тие летала и друго. Освен „Amazon“ и други компании тестираат сличен начин на достава, а една од нив е и „Wing“ на „Google“, кој досега се покажал како одлично решение за достава на производи со помали димензии и на помала оддалеченост, иако во текот на тестирањето на услугите наишле на некои неочекувани проблеми, како напади од птици на нивните дронови.

Во изминатите неколку години Амазон забрзано вложува во софтверот за логистика и “Last Mile Delivery” или она што значи достава до адресата на крајниот муштерија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.