(Видео) 3aтвop за поттикнувачи на бojкот на попиcoт и 300 евpa казни за тие што ќе одбијат да се попишат

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Душко Арсовски пренесе порака директно од Зоран Заев до граѓаните на државата, а поврзана со корона пописот кој веќе е започнат.

Арсовски тврди дека оние кои што организираат бојкот на пописот ќе одговараат кривично, што значи дека им се закануваат и затворски казни, додека пак тие кој што само го бојкотираат пописот ќе одговараат прекршочно што значи дека ќе добијат парични глоби до 300 евра.

Коментарите на социјалните мрежи се во насока дека „хунтата“ се подготвува за неуспешен попис во Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.