Ќерката на рускиот претседател Владимир Путин, Јекатерина Тихонова, неодамана гостуваше на една телевизија, само неколку денови по потврдата за разводот од човекот кој го нарекуваат “најмладиот руски милијардер”.
Катерина Тихонова, “рокенрол акробатска ѕвезда”, како што често ја нарекуваат, ретко се појавува во јавноста и дава интервјуа.
Руските медимуи пренесоа дека се разведува од тајкунот Кирил Шамалов (36). Во меѓувреме се појавија и гласините дека тој повторно се оженил со поранешната љубов Жана Волкова.
Шамалов е еден од тајкуните кои добија санкции од Западот. Тој одбива да го коментира својот приватен живот.
Не е познато зошто неговиот брак со Катерина не успеа. Тие се венчаа во 2013 година во тајност. Шамалов како подарок на Катерина и даде акции во неколку фирми, вредни стотина милиони долари.
Во ова рекот телевизиско интервју, Тихонова говореше за научни истражувања и е претставена како заменик директор на институтот за математично истражување на комплексни системи на Московскиот државен универзитет и шеф на истражувачката компанија “Инопрактик”.