Барса за првпат по девет години го дочекува „Ел Класико“ со дури девет бода пред вечниот ривал. Ако победи сега, трката за титулата е завршена.
Натреварот се игра вечерва со почеток од 21:00часот, а во Барселона речиси стандардно е присутен еден од најверните навивачи на македонската репрезентација и воопшто еден од најголемите поддржувачи на македонските спортисти ширум светот, но и на клубовите од Барселона, струмичанецот Наце Митев.
Наце по обичај ни испраќа ексклузивни видеа од натпреварите кои ги следи, а денеска не почести со видео од атмосферата во Барселона пред натпреварот.
Наце и неговата дружина уживаа во македонска песна и се загреваа за натпревароткој може да ја реши титулата во Ла Лига сезонава.