Кон крајот на јули годинава градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски од градскиот стадион “Гоце Делчев” истакна дека реконструкцијата на стадионот ќе биде извршена до крајот на градежната сезона и дека се надева дека есенва фудбалската јавност ќе може да гледа фудбалски натпревари.
Сепак, според фотографиите од терен, на стадионот сеуште се извршуваат градежни работи, а тревникот никако да раззелени.
Јованоски тогаш посочи дека за тревникот надлежна била Фудбалската федерација на Македонија, но досега нема истакнато како завршиле разговорите со првите луѓе таму и кога конечно Прилеп ќе добие модерен стадион.
Додека на стадионот сеуште се работи и не се знае крајниот рок на завршување на сите активности, фудбалскиот клуб Победа мачи мака во Втората лига – Исток и моментално се наоѓа на дното.