(Видео) Јапонски бенд пее на македонски и српски- „Македонско девојче“ и „Нишка бања“ само дел од нивниот репертоар

Несекојдневниот бенд од Јапонија често свири песни од Балканот, а овојпат ја изведе и песната „Нишка Бања“ и речиси целата песна ја испеа на српски јазик.

Од бендот велат дека оваа песна ја слушнале минатата година, им се допаднала па сакале да ја преработат.

Бендот е од Токио и свири балканска музика, а на списокот на изведени песни се најде и нашата „Македонско девојче“. Тие во својата биографија наведуваат дека досега имале три успешни турнеи низ нашите краеви.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.