Грандиозната прослава на фудбалерите на Барселона по улиците на главниот град на Каталонија, не можеше да помине без инцидент.
Откако во неделата ја обезбедија титулата во Шпанија, фудбалерите на Барселона еден ден покасно ја прославија двојната круна на улица со навивачите.
Меѓутоа, прославата не помина без инцидент. Шпанските медиуми пишуваат скандалозното однесување на дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити. Како што пренесува “Мундо Депортиво”, Умтити претерал со прославата. Францускиот стопер ги полевал новинарите со пиво, а потоа ги погодил со лименката.