Денешната собраниска седница во Собранието беше посветена на пратеничките прашања. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, побара од Заев да одговори што тој како премиер има направено за Албанците кои на претходните парламентарни избори ја поддржаа и гласаа за СДСМ.
Тој го потсети Заев за она што го ветуваше околу водоснабдувањето во Тетово, проблемите со депонијата во Струга, проблемите во Арачиново…
Ѓорчев од Собраниската седница истакна дека до октомври реализацијата на капиталните инвестиции изнесува катастрофални 27 проценти. Потоа тој со едноставен пример се објасни колку впрочем е штетна за граѓаните економската политика на власта на СДСМ.
-Почитувани граѓани, Република Македонија просечно има реализација на капитални инвестиции од 70 до 80 проценти, а некогаш и до 88 проценти. Годината речиси заврши реализацијата на овој тим кој што седи лево од вас и позади вас е 27 проценти. Никогаш полошо, во Македонија имало и војни и кризи и политички кризи и избори и одложени избори и се останато. Реализацијата била по 80 проценти сега е 27 проценти. За да се разбереме што мислам, замислете почитувани присутни кога во некоја болница или амбуланта би дошле 100 луѓе за интервенција, а само 27 би биле примени, вели тој.
Според Ѓорчев одговорот на ваквите катастрофални економски резултати е разрешувања на оние кои немаат задоволителни резултати во својата работа, а токму нивното неработење се одразува во реализацијата на капиталните инвестиции.
-Време е за разрешувања, време е луѓе да си одат затоа што било кој вработен во Македонија дали е приватен сектор, дали е јавен сектор во било која држава со реализација од 27 проценти каде што годината речиси поминала би му се заблагодариле за довербата и рекле ќе побараме некој друг. Трпи економијата, трпи стопанството трпи БДП, посочи Ѓорчев.
За крај тој посочи дека Македонија е земјата со најмал проектиран раст во регионот според ММФ, односно раст на БДП од само 1.6 проценти, а неспособноста на владата ги чини граѓаните 200 милиони евра помалце додадена вредност годишно.
Целото обраќање на Ѓорчев, погледнете го во продолжение: