Од регионалниот одбор на СОНК во Прилеп информираат дека предупредувачкиот штрајк во прилепскиот регион е успешен.
-Ви благодарам на силната поддршка и се надевам дека нашиот предупредувачки штрајк ќе допре до оние што се повикани да ги покачат платите 25% проценти!, велат од регионалниот одбор на СОНК од Прилеп.
Тие им благодарат и на родителите на солидарноста и помагањето кон враќањето на достоинството на просветните работници.