(Видео) Што се случи со мистериозната метална топка? Полицијата забрани пристап на плажата на која беше пронајдена

Мистериозната топка исфрлена на јапонска плажа предизвика вознемиреност и теории на заговор откако полицијата ја опколи областа и повика тим за отстранување boмби, пишува Телеграф.

Првите шпекулации сугерираа дека неидентификуваниот објект на плажата Еншу во градот Хамаматсу, на околу 210 километри југозападно од Токио, бил нeeксплодирана морска мина.

Локалните медиуми објавија снимка од полицијата во заштитна облека како го испитува непознатиот предмет, кој е во дијаметар од 1,5 метри.

Некои сугерираат дека тоа е дел од планот за шпионажа на непријателската земја против Јапонија и е потенцијално поврзан со неодамнешните извештаи за забележани кинески шпионски балони над САД и Канада.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.