(Видео) “Што кашлаш бре!” – Ѓоковиќ повторно “полyдe” и викаше кон трибините

Најдобриот во светот, Новаќ Ѓоковиќ, денес го победи Милош Раонич во четвртото коло од Австралија Опен, иако сите се сомневаа во неговата подготвеност.

Но дека Новак е подготвен покажа и во вториот сет кога целата нервоза ја “истури” во правец кон својот бокс.

Ѓоковиќ го освои првиот сет со 7:6 против Канаѓанецот, а во вториот сет Раонич направи мала предност, на негов сервис.

Новак направи мала грешка и распали кон својот тим, толку гласно што јасно се слушна во преносот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.