Титаник можебил моел да ја избегне страшната судбина, доколку сопствениците на компанијата “Вајт Стар” инвестирале во подобри мотори, открива документарецот.
Британскиот патнички брод потонал на 15 април 1912 година, со повеќе од 1.500 патници. Титаник пловел од Саутемптон до Њујорк каде удрил во санта мрак и потонал во Атланскиот океан. И по 100 години, многу луѓе тврдат дека вината е кај сопствениците.
Теоретичарите на заговор често тврдат дека потонувањето на Титаник е дел од измамата со осигурувањето, бидејќи бродот близнак “Олимпик” потонал една година претходно. Меѓутоа, документарецот “Ароганцијата на Титаник” открива силни докази дека сопствениците одлучиле да заштедат на моторите, што ги намалило шансите за опстанок на бродот.
Бродовите Титаник и Олимпик имале релативно скромни мотори, открива документарецот. Одлуката се сметала за економична, но за жал била една од причините за бродот да заврши на дното на Атлански океан.