Иако личи на кобра и долга е околу еден метар, змијата позната под името Хетеродон, потполно е безопасна.
Таа е ендемичен вид во пределите на Северна Америка. Кога ќе осети закана, го подига телото и потсетува на кобра.
Сепак ова не е отровна змија, односно целосно е безопасна.
Во ретки случаи кога каснала човек, најлошите забележани симптоми се чешање и мало отекување.
Најинтересна е меѓу змиите, бидеќи кога нема да успее да ја избегне опасноста, таа “глуми” дека е мртва.
Ф.Г.