Благодатниот оган вечерва од Ерусалим преку Софија се очекува да пристигне на Меѓународниот аеродром Скопје, информираат од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Благодатниот оган секогаш се чека на исто место и во исто време во црквата Воскресение на Исус Христос, односно гpoбот на Исус, во Ерусалимна Велика сабота.
За прв пат учествува и владика на МПЦ-АО, дел од бугарската црковна делегација. Епископот Јаков Стобиски ќе го донесе вечерва Благодатниот оган во Македонија.