На интернет кружи видео и фотографии направени од жителите на колумбискиот град Манизалес, кои веруваат дека им се прикажала “фигура на Исус Христос”.
Пред 7 дена во Манизалес поради одрон на земја, животот го загубија 17 лица, а чудниот феномен им пружи утеха на жителите кои ги изгубиле своите сакани во одронот.
Наводно во еден ден наврнало дожд, колку што врне во цел месец во Манизалес.
Групата на луѓе го снимаа блесокот на сонцето низ облаците во близина на планината Санкансио.
– Исус го посети нашиот град, го смири небото и ни испрати порака. Бог не благослови, слава на Бога – вака го опиша феноменот жената која го објави видеото.
Ф.Г.