ВИДЕО: Човек за прв пат полета без крила

Некогашниот трговец Ричард Браунинг, пронаоѓач и основач на стартап компанијата „Гравити индустриз“ демонстрираше неверојатна способност на својот производ – летачко одело на млазен погон.

Оделото се состои од делови направени со технологијата на 3D принтање, а го покренуваат пет млазни поставени на рацете и грбот на пилотот. Самиот дизајн е инспириран од озгледот на Ајрон Мен, суперхерој од универзумот на Марвел.

Во разговор со телевизијата Ен-Би-Си, конструкторот вели дека оделото троши околу четири литри гориво во минута додека е во лебдечка позиција и може да лета од три до четири минути.

-Кога е времето е поладно многу е поголем притисокот, па тогаш можете да летате околу 10 минути. Тоа е нешто на што се уште работиме за да го унапредиме, но неоспорна последица на нашата работа е дека успеавме да полетаме без крила, вели тој.

Цената на овој производ не е мала, дури и за поголемиот дел луѓе кои можат да си го приуштат. Тој изнесува 340.000 фунти, односно 433.000 долари.

За оние кои ќе го купат обезбеден е тренинг каде ќе можат да научат како правилно да го користат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.