Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ деновиве се наоѓа во Жабљак каде се релаксира по сите проблеми кои неодамна го снајдоа во Австралија.
Ѓоковиќ ја искористи можноста да се сретне и со црногорскиот комичар Јован Радуловиќ, попознат по прекарот Јоџир.
Во таа прилика, Jоџир му кажа на Ѓоковиќ шега во која беа вклучени неговите најголеми ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Ѓоковиќ се пошегува на спомнувањето на името на Федерер со прашањето „Кој е тоа“, но на крајот не можеше а да не се насмее.