Фудбалскиот свет е фасциниран од спектакуларната атмосфера на Маракана !
Фудбалерите на Црвена Ѕвезда носени од неверојатната поддршка на повеќе од 50.000 навивачи го освоија првиот бод во групната фаза од Лигата на шампиони. Одиграа без голови со фаворизираниот Наполи.
Red Star Belgrade fans choreography before the Napoli game.#crvenazvezda #UCL pic.twitter.com/D5gGymVemV
— Gilles (@GrimandiTweets) September 18, 2018
Атмосферата на стадионот била незаборавна, барем така пренесуваат присутните.
Навивачите успеаа на Маракана да го направат она што со години го правеа на утакмиците во кошаркарската Евролига. Успеаа да ја замолчат химната! Кога започна да се интонира познатата химна од Лигата на шампиони, повеќе од 50.000 навивачи се потрудија да ја “надвикаат” и успеаа во тоа.
27 años esperando escuchar el himno de la Champions… para luego cantar tan alto que no se oiga. De lo más grande que he visto en un estadio pic.twitter.com/m5tdynyLHo
— Aitor Lagunas (@aitorlagunas) September 18, 2018