Деновиве балканските медиуми на големо пишуваа за фудбалскиот натпревар од една од пониските лиги во Србија помеѓу екипите на Прва Искра и Единство. Во првите 45 минути гостите постигнале 3 гола, за во второто на теренот да се случи нешто неочекувано, домаќините да го свртат наптреверот за конечни 4-3.
Иако вакви пресврти се случувале на фудбалските натпревари, она што им паѓа во очи на сите кои ја погледнале снимката од натпреварот е однесувањето на гостите на теренот во вториот дел кои буквално како да бегаа од топката.
– „Брука и срамота за оваа држава“, „Како во прво дадоа три гола, а во второ се’ што направија е да се тргаат од пред патот на противникот“… се само дел од коментарите на социјалните мрежи за овој крајно сомнителен натпревар.