На Инстаграм страницата „antidroga07“ се појави видео од албанскиот пристанишен град Драч, на кое се гледаат испреплетени змии како се сончаат на карпите покрај морето.
– Иако нивниот модел наликува на еден од отровните, сепак се работи за сосема безопасен, воден вид наречен Natrix tessellata. Присуството на голем број од овие змии на една локација е и показател за големиот број риби со кои првенствено се храни овој вид. Таму веројатно не ги вознемируваат или убиваат луѓе, а немаат многу природни непријатели, поради што се присутни во толкав број. Отровните змии главно избегнуваат вода, па ретко е можно да се забележат во непосредна близина или во самата вода, напиша еден од корисниците.