Во Мемфис деновиве случајни минувачи забележале како еден пар се однесува откако претходно, мажот и жената се предозирале со хероин.
На снимката може да се слушне како авторот на видеото се смее, а се смеат и останатите кои што го снимаат предозираниот пар.
Еден корисник дури сето тоа го пренесувал во живо на својот профил на Фејсбук, иако може да се претпостави и дека можно е да е загрозен животот на луѓето.
Агонијата траела се додека еден моторциклист не ги забележал и не повикал полиција и итна помош.
Авторот на видеото својата постапка ја објаснил како неопходна затоа што било „потребно на децата да им се укаже на опасноста од консумирањето на дрога“.