Првиот пат во светот направен од рециклирана пластика е поставен во градот Зволе, Холандија.
Дека еколошката свест е на високо ниво во Холандија, докажува фактот што токму во оваа држава се направи првиот пластичен пат и тоа направен целосно од рециклирана пластика.
Патот беше пуштен во употреба во септември 2018 година, а веднаш потоа се направија неколку идентични патишта низ другите градови на државата. За да се направи и постави ваков пат потребно е 4 пати подолго време за разлика од другите патишта. Пластичните патишта се исто така, четири пати посветли од останатите.
Холанѓаните веруваат дека ова е патот на иднината.