Големата тензија која владее помеѓу Турција и Русија, предизвикана од политичката ситуација, во голема мера се пресели и во спортот.
Пред натпреварот од шеснаесетина-финалето во Лига Европа навивачите на Фенербахче со камења го гаѓале автобусот кој ги превезувал фудбалерите на Локомотив Москва.
Домашните навивачи не биле спречени ни од фактот што овој дуел беше прогласен за натпревар од висок ризик и што во градот владееа зголемени мерки на безбедност.
Неколку турски хулигани се пробиле до автобусот на руската екипа и фрлале камења. За среќа, не дошло до потешки инциденти, а полицијата успеа да уапси неколку хулигани.
Фенербахче успеа да ја реши утакмицата во своја корист со резултат 2:0, а реваншот е за две недели во Москва.