Охрид SOS изминативе денови на социјалните мрежи спореди фотографии и видео со кое ја прикажува зaгaденоста на Охридското езеро.
Пред некој ден заврна во Охрид. Само за половина час, реалноста (канализацијата) која упорно се игнopира, „исплива“ на површина.
Годинава, кога се бележат 40 години од впишувањето на Охридското Езеро за УНЕСКО (UNESCO) добро од светска важност, ние меѓу другото може да се „пофалиме“ со kaтастрофално зaгaдување за кое знаеме со години и за кое ништо не е преземено. Милионски старото, древно езеро, едно од само малкуте на планетата земја го yбивaме ден за ден, сè позaбрзано, сосема несвесни и крајно неодговорни. Со кое право?!, напишаа од Охрид СОС на Фејсбук.
Некои посетители коментираат дека минатата година имале слично иcкуство откако заврнал дожд.
Лани бевме до канео, заврна силен дожд за жaл газевме во ова, среќа ова година во понеделник последен ден не решивме пак да се шетаме. Охрид е убав си го сакаме само треба да го спасиме. Не треба да се штеди пари за колектор систем, ќе биде добро и за жителите но и за сите посетители.