Непоразениот американски боксер Флојд Мејведер повторно се огласи на повикот на Хабиб Нурмагомедов заедно да влезат во ринг.
Хабиб, кој е во центар на внимание во јавноста по триумфот на Конор Мекгрегор во УФЦ борбата на векот, го предизбика Мејведер:
“Ајде да се бориме! 50-0 против 27-0. Двајцата никогаш не сме изгубиле, зошто да не? Ајде! Во оваа џунгла има место само за еден крал. Тој не можеше да го сруши Мекгрегор, а јас го направив тоа многу лесно.
Рускиот борец не чекаше многу долго на одговор од Американецот.
“Си-Би-Ес, Шоутајм и МГМ Гранд, подгответе ги чековите. Посетете ја страницата на Леонардо Елерб, да видите како Хабиб ме предизвика”, порача Флојд и рече дека го прифаќа предизвикот.
“Јас сум сам свој газда, не можам да знам како е кај Хабиб, но можеме да организираме борба. Јас сум Флојд Мејведер, ако ме предизвикаш, доаѓаш во мојот свет. Не познавам ниту еден борец кој има бројки како моите. Никој друг не заработил колку мене. За оваа борба ќе добијам исплата од 9 цифри. Меѓу 100 и 200 милиони долари повеќе отколку што добив во борбата со Мекгрегор”.