Автомобилот е произведен во 1955 година, а го купив пред 25 години во Австрија, вели Сенад Еминовиќ. Тој од Австрија со новото “фиќо” се упатил во Шибеник, каде учествувал на Вториот меѓународен “Фиќо собир”.
– Го возам само на убаво време, од април до септември. Кога сум дома, секогаш работам нешто на него. Кога го купив имаше стандарден мотор од 750 кубици, а сега му вградив нов од 850.
Со овој мотор може да вози и до 140 километри на час.
– Пред три години возев до Албанија, а пред две во Бугарија. Кога се враќав од Бугарија, поминав 810 километри во еден ден- вели Еминовиќ, кој со автомобилот ја има поминато цела Европа, без Скандинавија. Фиќото до сега има поминато 160.000 километри.