Oгромен питон, подолг од осум метри и тежок речиси 250 килограми фатен е во Малезија, а медиумите и агенциите наведуваат дека се верува дека ова е најголемиот рептил кој се нашол во заробеништво.
Работниците кои граделе нов надвожњак во Пенанг, кој е популарна туристичка дестинација, го пронашле овој питон, под дрво и одма повикале помош.
За фаќањето на змијата било потребно околу половина час, а набрзо се појавиле снимки на луѓе со фатениот питон, каде се гледа за колкава змија се работи.
А.Г.