ВИДЕО: Фан на Тоше Проески направи прекрасен видео запис за новата песна „If you wanna leave me“

„Дали бил среќен, тажен, во топ форма, болен, засипнат, тотално небитно. Фатеше ли микрофон, му нема рамен. Тој, 10 места, па вториот. Бог знае колку рекорди ќе срушеше, колку стадиони ќе преполнеше на колку луѓе ширум светот ќе помогнеше.“

tose

„Последниот пат наполни 26 и со толку години направи толку многу. Создаде толку многу музика и испеа толку многу песни што светски врвни музичари не би оствариле во 2 животи! Ќе слушаме ново и наредни 50 години. Да, наредни 50 години, има оставено за толку! Денес би наполнил 35 години, традиционално нова песна, и …и да беше жив јас викам ќе одевме на Вембли и тој ќе му беше мал, ми се смеат, јас нив им се смеам. Еден единствен и неповторлив.“

Ова е Фејсбук статус на фан на Тоше Проески по повод неговиот роденден.

Младиот Душко Аврамовски ја внесе целата емоција во својот фејбук статус, но и повеќе од тоа: создаде прекрасно видео за новата песна „If you wanna leave me“, која беше промовирана за роденденот на прерано починатата македонска ѕвезда.

Ова е еден од многуте докази дека Тоше Проески ги инспирира и мотивира младите и ден денес.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.