Откако во втората половина на 19ти век Џон Д. Рокфелер изградил империја во Америка благодарение на “Стандард оил” компанијата која до крајот на 1870-тите држела 90% од навтата во САД, Врховниот суд на САД во 1911 година донел одлука дека компанијата мора да се подели на 34 помали фирми.
Од фамилијата задржале попорционални делови во сите новонастанати фирми, а нивното лично богатство дури и пораснало, иако им се намалило влијанието во нафтената индустрија. Џон Рокфелер починал во 1937 година, оставајќи повеќе финансиски фондови позади себе- во рацете на своите машки потомци. Од тука излегува прашањето- каде се сега тие пари?
Според “Форбс” во 2016 година фамилијата Рокфелер тежела 11 милијарди долари, што ги прави дури 23 најбогата фамилија во Америка.
Ториите на заговор за фамилијата Рокфелер се движат од општоприфатени до бизарни. Имено, тие веќе долго се поврзуваат со идеата за тајна светска влада, во написите на теоретичарите на заговор позната и под името Нов светски поредок. Секако во прилог на теоријата се и двете институции кои биле започнати од Рокфелер. Едната е Трилатералната комисија, а другата е Билдерберг групата.