(ВИДЕО) Уште ова го немавме видено – претседател свечено отвора сообраќаен знак

Корисниците на социјалните мрежи го критикуваат претседателот на Украина, Петар Порошенко, кој свечено откри сообраќаен знак на реновираниот дел на патот Запрожје-Днјепар.

Внимание привлече делот кој украинскиот претседател, наместо по траиција да пресече лента, тој го тргна платното од сообраќајниот знак за време на отворањето на патот.

„Во топла и пријателска атмосфера, со бурни и долготрајни аплаузи на стотина Украинци, претседателот на Украина го откри сообраќајниот знак“, гласеше еден од ироничните коментари на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.