Учителка од Јужна Каролина собрала 75.000 евра и на сите 650 ученици им купила велосипеди.
Кејти Бломквист, учителка во основно училиште во Северен Чарлстон, започнала online кампања за собирање на пари по Празникот на работата во септември минатата година, со цел да собере 60.880 евра.
Идеата ја добила кога еден од учениците и рекол дека сака велосипед, но дека неговото семејство е сиромашно и дека не може да му купи.
Бломквист добила голема поддршка, а меѓу донаторите имало и големи корпорации.
Ф.Г.