(ВИДЕО) УРНЕБЕСНО: Еве што Бекам го замоли Зидан пред големото финале во Лигата на шампиони

Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам се дружеше со тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, пред финалниот меч во Лигата на шампиони.

Бекам во 2003 година од Манчестер Јунајтед премина во Реал Мадрид и никогаш не криеше дека е поврзан со клубот од Олд Трафорд. Не го заборави ни големото ривалство со Ливерпул, па како и сите навивачи на Јунајтед и Бекам навива против “Црвените” со кој и да играат.

“Му посакувам на Зизу и на сите во клубот многу среќа во финалето. И ве молам, ве молам, победете го Ливерпул”, рече Бекам во интервјуто кое беше објавено на официјалниот Јутјуб канал на Реал Мадрид.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.