(Видео) Улиците во Црна Гора претворени во реки: Луѓето не можат да ги напуштат домовите

Силен и обилен дожд вчера во попладневните часови ги поплави објектите во барската населба Бјелиши во близина на пругата. Службата за заштита и спасување излезе на терен.

Членовите на оваа служба спасуваа две деца, нивните баби и дедовци од семејната куќа во Бјелиши.

Поради високо ниво на водата на улиците сообраќајот се одвива отежнато по одредени делници.

Порој тече по главниот пат Бар – Сутоморе.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.