Жестоки зборови беа упатени на денешниот протест на тутунарите во Прилеп, против претседателот на Сојузот на тутунопроизводители, Менде Стомнароски.
Тутунарите бараат првиот човек на највисоката организација на тутунари да си оди од функцијата и велат дека повеќе не е нивни легитимен претставник.
Инаку Стомнароски после вчерашната средба во општина Прилеп со министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа, истакна:
„Ние како Сојуз ќе го поддржиме штрајкот ќе излезиме со нив и секогаш ќе бидеме со тутунарите. Нема да дозволиме да му се земи тутунот за 2 класи подолу“.