Силениот земјотpec што вчера го погоди турскиот приморски град Измир предизвика огромна штета.
Млад турски гејмер играјќи компјутерски игри неговата камера сними како изгледа во просторијата каде што бил додека се сѐ тресе.
Имено, видеото го покажува моментот кога земјотpecoт ја погоди областа на Турција, а камерата на младиот гејмер беше вклучена, па на најдобар начин ја покажа силата на земјотpecoт.
Момчето од страв почнува да вика и истрчува од собата додека камерата останува вклучена, а од силното тресење таа се превртува и паѓа.
Потресот траел долго, а на видеоснимката објавена на Јутјуб, бројните фанови на момчето коментираа и прашуваа што се случи.