Џилберто Мартинез од Мексико има по 4 карти за секоја утакмица на Мексико на Мундијалот во Русија. Тој оди сам на утакмиците, но ги носи и останатите влезници.
Зошто? Позади ова прашање се крие приказна која ќе ве расплаче !
Пред почетокот на Мундијалот, на кој планирал да оди со својата сопруга Вероника и децата Мија и Диего, ја посетил Флорида. Бил кај свој роднина. А потоа, на 28 април доживеале страшна несреќа. Во автомобилот на Џилберто удрило друго возило и за еден момент останал без семејството.
Вероника (42), Миа (6) и Диего (8) го загубиле животот.
Целосно скршен од трагедијата, добил совет од психолог, кој го послушал. Заминал на Мундијалот со сите четири влезници. Кога Мексико победи со Германија, тој сам ја следеше утакмицата, а три места покрај него останале празни.
– Ова беше за твоето семејство – напиша голманот на Мексико, Очоа, по завршувањето на утакмицата.
Влезницата на неговиот син беше и на утакмицата со Костарика, бидејќи малиот Диего сакал да го види својот идол Нејмар.